НОВА ГАМА JEEP® E-HYBRID
Jeep® Renegade & Compass e-Hybrid го комбинираат новиот бензински мотор 1.5 Turbo T4, кој испорачува 130 КС на предните погонски тркала со втор електричен мотор од 48V. Технологијата e-Hybrid овозможува да се подобрат перформансите обезбедувајќи до 15 kW* (20 КС) во различни фази на возење. Спротивно на некои други возила со технологија mild hybrid, системот Jeep® e-Hybrid при мали брзини му овозможува на возилото да се придвижува само со електричниот мотор*: особено ценето при маневри на паркирање или во сообраќаен застој. Новиот погонски систем e-Hybrid располага со нов менувач со седум брзини и двојна спојка. Пократкото време на преминување од брзина во брзина значи и поудобно возење. Благодарение на 7-степениот менувач се гарантира максимална ефикасност при возење на автопат.
*Функционирањето зависи од состојбата на исполнетост на батеријата и условите на возење.